Skip to main content

Во тек е конкурсот за доделување актерска награда за животно дело „Петре Прличко“

Општина Велес распиша конкурс за доделување актерска награда за животно дело „Петре Прличко“. На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност, како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од Македонија.

Кандидатите треба да се професионални драмски актери, државјани на Македонија. Конкурсот е во тек, а крајниот рок за доставување на предлози е 12 март 2026 година.

Како што се наведува во конкурсот, приоритет имаат драмските актери од средната генерација. На конкурсот нема да се земаат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат самите себе си.

Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.

Наградата се доделува од 2006 година, а прв ја доби актерт Благоја Спиркоски Џумерко, а лани ја доби актерката на Велешкиот театар Слободанка Чичевска.

Поврзани вести