Skip to main content

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји 

Македонскиот културно информативен центар во Тирана, во саботата, беше срцето на интернационалната уметност во Тирана, обединувајќи седум жени-уметници од Македонија, Албанија, Словенија, Украина, Белгија и Италија, објави денеска КИЦ.

Специјална гостинка на вечерта беше познатата македонска актерка Ивана Павлаковиќ, која прочита избор поезија од авторки од Македонија, како и од други земји учеснички.

Настанот го отвори Радмила Стојмировска – конзул во Амбасадата на Македонија во Тирана, со силна порака за значењето на културната дипломатија како моќен инструмент за претставување на културата и идентитетот на една земја.

Директорката на КИЦ Тирана, Ема Попивода – воедно и кураторка на изложбата – истакна дека овој значаен настан го поставува Центарот високо на пиедесталот на културните случувања во Тирана. 

Меѓу присутните беа и бројни амбасадори и претставници на дипломатскиот кор.

Изложбата од слики, скулптури и фотографии ќе биде отворена до 31 мај. 

Настанот е поддржан од Tikveš Winery – Винарија Тиквеш со селекција на македонски вина. 

Поврзани вести