
Програмата на Интернационалниот фестивал на монодрама продолжува вечерва, со изведба на монодрамите „Лирско вилинско коњче“ и „Окото на демначот“.
На големата сцена во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да ја погледнете монодрамата „Лирско вилинско коњче“ на Театар МикрОПЕРА од Зарагоза, Шпанија.
Режисер: Aмпаро Нугуез и Зелиа Ланаспа
Автор и изведувач: Зелиа Ланаспа
Продуцент: Пабло Виценте
Возраст: 16+
Кревкоста наоѓа неочекувани начини да ја нахрани храброста. Рециталот на еден познат тенор кој секогаш доцни. Невина и срамежлива асистентка која треба да го замени незјиниот шеф. И на патот, ќе открие дека нема ограничувања, дека женското и машкото СЕКОГАШ патуваат заедно. Затоа што кризата може да биде СОВРШЕН период за да ги откриеме нашите крила и да ПОЛЕТАМЕ! Преку преминување на родовите граници, со ПРЕТВОРУВАЊЕ во живо преку РАВНОПРАВНОСТ. Оваа комична и инспиративна монодрама зборува за слободата, родовата рамноправност и моќта што се крие во секој чекор напред. Една жена. Една сцена. Без ограничувања.
Од 21:30 часот на новата сцена, ќе биде изведена монодрамата „Окото на демначот“ на Национален драмски руски театар „Чингиз Аитматов“ – Бишкек.
Режисер: Александер Панин
Актери: Александер Панин
Возраст: 16+
Руски емигрант кој живее во Берлин одлучува да изврши самоубиство. Сепак, дури и во “задгробниот живот”, неговото нецелосно мртво јас продолжува да живее меѓу луѓето кои претходно ги познаваше, доживува невозвратена љубов и внимателно „шпионира“ човек по име Смуров, чиј мистериозен идентитет се открива дури на самиот крај на претставата. Мистерија, психолошка драма и неочекуван пресврт на крајот – сето тоа во оваа моќна монодрама инспирирана од апсурдот на егзистенцијата.
Билетите можете да ги набавите на следниот линк: www.3dkinobitola.com