Skip to main content

Вечер посветена на македонската рок музика во КИЦ Белград

Со аудио-визуелна презентација водена од Тошо Филиповски, со мноштво видео и фото материјал, вечерва белградската публика ќе има ретка можност да присуствува на програма посветена на историјата на македонската рок музика и рок култура. 

Тошо Филиповски, роден во Кочани во 1969 година, од своите најрани младешки години е посветен не само на корените на македонскиот рок од почетокот на 60-те години од минатиот век, туку во најголем дел од својот животен и работен век, посветен е комплетно на македонската рок музика, низ нејзиното, повеќе, од шестдецениско постоење. 

Филиповски, скоро четири децении е пасиониран собирач на музички материјали и информации поврзани со македонската рок музика и автор е на неколку капитални дела од оваа област. 

Вечерта посветена на македонската рок музика е поддржана од Министерството за култура и туризам, а настанот ќе го отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров. 

Изложбата на постери и плакати што е дел од овој музички настан, посетителите на КИЦ Белград ќе може да ја посетат до крајот на октомври.  

Поврзани вести