
Стрип центар на Македонија – Велес ги поканува сите љубители на стриповите на свеченото отворање на 22. Меѓународен салон на стрип „Велес 2025“, најстар и најконтинуиран стрип фестивал во нашата земја. Отворањето е закажано за в среда, на 20 август во 20 часот во Европска куќа Велес.
На оваа значајна манифестација, ќе бидат доделени награди, дипломи и признанија за најдобрите учесници на традиционалниот меѓународен стрип конкурс. Се отвораат две изложби кои ќе ја отсликаат историјата и актуелноста на стрип уметноста: Изложба на избрани дела од конкурсот, кои ќе ја претстават креативноста и талентот на стрип уметниците од целиот свет.
Специјална изложба по повод 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал „Вековници“, на која ќе биде присутен и промоторот, авторот и иницијатор на серијалот, Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија.
Поддршка за овој проект доаѓа од значајни институции и организации: Министерството за култура и туризам, Општина Велес, Европска куќа – Велес и стрип заедницата од државата.