Skip to main content

„Убавините на Езерото, Градот и Спортот“ прва самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче – Скитник во Младинскиот центар во Охрид

„Убавините на Езерото, Градот и Спортот“ е насловот на првата самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче – Скитник, која ќе биде отворена на 26 декември, во 19 часот, во Младинскиот центар во Охрид, под покровителство на Општина Охрид.

Изложбата претставува визуелно патување низ Охрид, градот што живее меѓу езерото, каменот и движењето.

Фото: Петар Паунче – Скитник
Фото: Петар Паунче – Скитник
Фото: Петар Паунче – Скитник
Фото: Петар Паунче – Скитник

Преку својот објектив Петар Паунче – Скитник, ги прикажува смеата и тагата на непознатите туристи, моќта на езерските бранови, мирното пловење на едрилиците, упорноста на спортистите и водената игра на најмладите. Старите калдрми, куќите што горделиво ја испишуваат историјата како и црквите кои како кралици се протегаат над езерската шир, фатени во мигови што зборуваат повеќе од зборови.

Оваа изложба е прва самостојна фотографска приказна на Скитник; простор каде што на едно место се среќаваат мирот, возбудата и љубовта кон малите и големите нешта што животот, природата и спортот ни ги даруваат.

Поврзани вести