Skip to main content

„Трио Академико“ со концерт во Истанбул

Во организација на македонскиот Културно – информативен центар во Истанбул, на 22 октомври (среда) со почеток во 19 часот, во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој ќе се одржи концерт на реномираниот македонски ансамбл „Трио Академико“.

Ансамблот Трио Академико го сочинуваат флејтистката Златка Митева, кларинетистот Бранко Павловски и пијанистката Наташа Трбојевиќ, уметници со богата кариера, препознатливи по својата извонредна интерпретативна зрелост и суптилна музичка сензибилност.

Публиката ќе има можност да ја следи програмата која опфаќа дела од Ерик Евејзен, Ернест Блох, Дмитриј Шостакович, Луиџи Занинели и Давор Јордановски, нудејќи спој на класични и современи музички изрази.

Настанот се реализира со поддршка на Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“, како и во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија, долгогодишен партнер на Македонскиот културен центар.

Концертот е дел од годишната програма на Македонскиот културен центар во Истанбул, реализирана со поддршка на Министерството за култура и туризам, со цел  афирмација и промоција на македонското музичко и културно наследство пред турската јавност.

Поврзани вести