
Со романот „Три Марии“ го означуваме и почетокот на 4.сезона од нашата голема кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори
„Три Марии“ е трет роман за возрасни на Ќорвезироска, по „Заклученото тело на Лу“ и „Аб’т“. Тој е внимателно осмислен омаж на Славко Јаневски, којшто не е класична посвета, ниту римејк на конкретно дело. Книгата содржи три самостојни приказни за три различни жени кои носат исто име – Марија и кои сакаат да ги напуштат моментните животи поради грешна љубов. Своја или туѓа. Она што ги обединува во романескна структура е токму станот што се издава и што сите три сакаат да го изнајмат, барајќи спас во него…
Романот „Три Марии“ (издание на Арс Либрис) е добитник на Рациновото признание за 2025 година.
Во рамките на кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори е и традиционалниот Разговор со авторот, предвиден за 3 септември во 19 часот
Кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори на ГБСК во 2024 година ѝ го донесе признанието Промотор на читачката култура според Македонска асоцијација на издавачи.