Skip to main content

Театарот за деца и младинци го одложи одбележувањето на 35-oт роденден

Одбележувањето на 35- годишнината на Национлната установа Театар за деца и младинци како и изведбата на претставата ,,Роња, ќерката на ограбувачот” закажана за 25 март годинава ќе се одложи, соопштија од ТДМ утринава.

За новиот датумот на одбележување на годишнината јавноста дополнително ќе биде известена, додаваат од ТДМ.

Македонија седум дена беше во жалост поради трегедијата во Кочани, каде што во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 59 лица, претежно деца и млади, а над 200 беа повредени.

Поврзани вести