Skip to main content
Театарот за деца и младинци слави 35 години постоење

Театар за деца и младинци: Средствата собрани од продажбата на билети за „Франкештајн“ и „Хајди“ ќе бидат донирани за семејствата на настраданите од пожарот во Кочани

фото: Театар за деца и младинци фејсбук

Денес славиме три и пол децении исполнети со труд, посветеност и заеднички успеси. Ви благодариме што сте дел од нашето семејство и што ни помагате да растеме и создаваме приказна која трае, велат од Театарот за деца и младинци.

Сепак, во моменти на радост, животот понекогаш нè потсетува на важноста на човечката солидарност. Поради трагичната несреќа во Кочани, прославата ја одложуваме, сочувствувајќи со семејствата и сите погодени од овој несреќен настан.

Нашите мисли и срца се со нив.

Средствата собрани од продажбата на билети за младинската ФРАНКЕНШТАЈН и детската претстава ХАЈДИ ќе бидат донирани за семејствата на настраданите од пожарот во Кочани, соопштија од Театар за деца и младинци.

Ве очекуваме, заедно да бидеме хумани и да придонесеме во овие тешки моменти.

Ваш ТДМ

Поврзани вести