Skip to main content

Стихозбирката „Слобода А“ од Ана Голејшка Џикова е книга за месец декември во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Кампањата „Читаме македонски современи автори“ за 2024 година ја заокружуваме со поезија и со автентичните стихови на Ана од нејзината книга „Слобода А“, издание на ПНВ Публикации, велат од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје.

Како калеидоскопски слики пред нас минуваат песните во кои можеме да ја видиме Ана како бунтовничка, млада љубовничка, да посведочиме како љубовта создава живот, како тој живот расте, се раѓа и станува живот сам за себе, независен, а сепак, зависен и сврзан. Истовремено исполнета со љубов и страв од неизвесност, погодена од реални проблеми и притисоци под кои сите сме натиснати: живот во пандемија, под влијание на пропаганди и општа хистерија, притисоци што повторно ја будат бунтовничката во Ана, онаа што единствено може да живее од и за слободата пишува во поговорот Снежана Стојчевска.

Во рамки на кампањата ќе се одржи и разговор со авторката, закажан на 4 декември во 19 часот

Поврзани вести