Skip to main content

Стефановски: Штип ќе одбележи сто години од изведбата на првата опера во Македонија-„Палјачи“, вклучени се институции од Штип и од цела Македонија

Осум тетарски претстави репризно ќе бидат изведени во текот на овој месец, од кои две ќе бидат прикажани по двапати. Тоа се претставите Лекција, Женидба, Јас, на некое друго место, Пијани (два пати) Сите прекрасни нешта (два пати) Како што сакате, Избувливиот човек и Стан 54. Претставата Избувливиот човек е на НУЦК „Бели Мугри“-Кочани, а претставата Како што сакате на Театар Куманов. Сите други претстави се дел од репертоарот на штипскиот театар, а ќе се прикажуваат во деновите вторник и четврток..

За овој настан, но и за некои други важни нешта кои ќе се случуваат во најголемата национална институција од областа на култура во Источниот регион, а тоа е НУЦК „Ацо Шопов“-Штип, информираше новиот директор м-р Филип Стефановски.

Ја поканувам штипската публика која знае што е квалитетен културен производ да ги проследи спомнатите претстави, Што се однесува до нашите проекти за 2025 година кои се испратени во Министерството за култура, не можеме да информираме како стојат работите бидејќи програмата на Министерството не е сеуште јавно објавена. Ние како национална установа во која составни делови се Домот на култура и Народниот театар очекуваме програмата наша наскоро да биде излезена за да можеме на време да јаинформираме нашата јавност во однос на најголемите кулктурни настани кои годинава ќе ги имаме и ќе ги ставиме на нивно располагање, рече Стефановски.

Тој информираше дека од денес е ставена во функција билетарницата при Домот на култура на која, секој работен ден од 9-19 часот граѓаните ќе можат да купат влезница за било кој културен настан кој е најавен од институцијата. Во деновите вторник и четврток,кога ќе се дават претставите, билети ќе можат да се набавуваат и на билетарницата на Тетараит од 17-20 часот.

Годинава Штип ќе го одбележи големиот културен настан, сто годишнината од изведбата на првата опера во Македонија, а тоа е опретата Палјачи. Во овој голем проект ќе бидат вклучени институции од Штип но и од цела Македонија. Планирани се сликарски изложби, промоции на книги, концерти на класична, народна и забавна музика, во рамките на Домот на култура ќе работат активно и Камерниот хор, КУД „Ристо Донев Учителот“, Ликовното атеље, и се што дава придонес за културата во градот и државата, меѓу кои е и враќањето под наша закрила на драмското струдио-театар за деца, појаснува директорот Стефановски.

За горлив проблем тој го смета недостатокот од систем за загревање на големата сала која може да прифати 700 посетители и вели дека на решавање на тој проблем активно ќе се работи зашто тоа е приоритет. За тоа Стефановски очекува поддршка од Министерството за култура и од Општина Штип.

И уметничката Галерија 22 ќе ја надоградиме со набавка на концертен клавир и подобрување на акустичноста, а посебен акцент даваме на соработката со Музичкото училиште „Сергеј Михајлов“ и Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“. Мислам дека е наша должност Штип како град-регионален центар и нашата установа да работат на регионалниот аспект во развојот на културата, што ќе значи дека секоја наша театарска претстава да гостува и во Берово, Делчево, Кочани, Виница, Пехчево, Пробиштип… Ќе настојуваме и посебните културни добра од овие општини да гостуваат во Штип. рече Филип Стефановски на на неговата прва средба со новинарите.

Во Штип годинава ќе се одбележат 100 години од првата опера во Македонија, најави на својата прва прес конференција, новиот директор на НУЦК „Ацо Шопов“, Филип Стевановски:

Тоа е една манифестација којашто ќе ја одбележи оваа 2025 година, покрај сите други проекти, коишто се во план да се направат. Во овој проект не сме само ние вклучени, туку повеќе институции од градот Штип, а веќе е планирана и средба за да видиме на кој начин и со која Програма ќе се настапи тука, како и со операта „Паљачи“. Така да мислам дека ќе имаме добри културни манифестации оваа 2025 година, ќе имаме изложби, концерти. Тоа се нашите планови и идеи, потенцираше Стевановски.

Освен културните манифестации, Стевановски сака во градот да се врати и некогашното драмско студио, кое е првиот филтер на млади таленти во театарот.

Ако на мало дете му се даде пристап да има до театар, култура тоа од мали нозе ќе знае што треба и што е вистинска вредност. Така да се стремиме кон враќање на тие секции, што мислам дека ќе успееме во тоа, додаде Стевановски.

Инаку, во надлежност на НУЦК „Ацо Шопов“ е Народниот театар во Штип, кој во февруари ќе има вкупно 10 театарски претстави, во кои има и две гостувања. Станува збор за Народниот Театар Куманово со претставата „Како што сакате“ и на НУЦК „Бели Мугри“ од Кочани со претставата „Избувливиот човек“.

Поврзани вести