Skip to main content

Со „Синот“ струмичкиот театар „Антон Панов“ ја почнува новата театарска сезона

Струмичкиот театар ја започнува новата театарска сезона со претставата „Синот“ од Флоријан Зелер која ќе биде прикажана на 29 јануари (четврток) во 20 часот.

Михаил Велков со суптилна и искрена актерска игра го гради ликот на Никола – млад човек со длабока внатрешна борба. Неговата интерпретација е прецизна и емотивно силна, оставајќи силен впечаток кај публиката.

„Синот“ во режија на Благој Мицевски премиерно беше изведена во јуни 2025 година. Претставата е посветена на 30-годишниот јубилеј актерска дејност на актерот Кољо Черкезов.

Улогите ги толкуваат Кољо Черкезов, Михаил Велков, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова, Ванчо Василев и Томе Витанов. Сценографијата е на Благој Мицевски, асистент на режија е Дејан Ангелов, драматург на претставата е Ацо Гогов, преводот од француски на македонски јазик е на Јадранка Стефкова, костимите се на Ванчо Василев, музиката на Марјан Неќак, дизајнот на плакатот е на Ване Костуранов, а видеомонтажата ја направи Марјан Ѓорѓиевски.

Поврзани вести