Skip to main content

Со праизведба на „Кој сум јас“ на Митко Чешларов Театар Комедија ќе го одбележи Светскиот ден на театарот и 14. роденден

Со праизведба на претставата „Кој сум јас“ чиј автор е Митко Чешларов, а во режија на Наташа Поплавска, Театарот Комедија ќе го одбележи 27 Март, Светскиот ден на театарот и 14. роденден на Театарот. Ова е 55-та премиера во Комедија.

Во претставата играат: Благој Веселинов, Жаклина Стевковска, Жаклина Петровска, Ева Скендеровска, Матеа Јанковска, Едмонд Сотир, Илија Илиоски, Ана Грамосли и Мина Јелушиќ. Сценографијата е на Војдан Запров, костимографијата – на Сара Милевска. За сценските движења е задолжена Ирена Лозинска. Видеодизајнер и фотограф е Емил Петров, а светло дизајнер – Милчо Александров. За изборот на музика е задолжен Александар Јорданов.

Ништо не е така како што изгледа. „Кој сум јас“ е брза и разиграна фарсична комедија за луѓе што играат улоги во сопствениот живот. Луѓе кои кажуваат едно, мислат друго и прават трето. Луѓе кои позајмуваат идентитети како што позајмуваат пари. Луѓе кои зборуваат за вредности, а тргуваат со нешто друго. Во оваа приказна, работите постепено се комплицираат. Малите лаги бараат нови, поголеми лаги. Ситуациите излегуваат од контрола, пишува Оливија Трајковска, асистент на режија и асистент драматург.

Поврзани вести