
В сабота на 14 февруари од 20.00 часот, во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп, по седми пат ќе се одржи поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ во органзиација на Здружението ЗОКУМ.
Поетите Филип Димкоски и Лина Димоска, пред публиката ќе претстават дел од нивната поезија со љубовни мотиви, а ќе овојпат во програмата ќе прозвучат стиховите на француските поети на љубовта како Жак Превер, Гијом Аполинер, де Беранже, Бодлер, Пол Елијар, Стефан Маларме, Артур Рембо и други.

Специјален гостин во програмата овојпат е Љупка Томиќ, авторка и професорка по француски јазик, благодарение на која публиката ќе може да чуе поезија на француски.
Кога мислиме на љубов, вино, светлина, мода и задоволство, помислуваме на Франција. Македонија го нема Париз, но Прилеп ја има кафе-галеријата „Лувр“ во која в сабота ќе си ги отвориме душите, ќе мечтаеме и ќе уживаме во поетската реч-велат органиѕаторите.
Влезот е слободен, а местата се ограничени.

Македонски



