![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/izlozba-elena-ch.png)
Самостојната изложба насловена „1000 добро изодени патеки“ на уметницата Елена Чемерска ќе се отвори вечерва, 10 дкември (среда) во КСП Центар-Јадро,во соработка со галеријата „Грал“.
„1000 добро изодени патеки“ ја испитува променливата врска помеѓу телата, објектите и светот околу нас. Преку слики, текст и звук, Елена ги истражува темите на распаѓање, трансформација и постојаните промени што го обликуваат нашето постанување“, се вели во најавата за изложбата.