Skip to main content

Еден билет и за воз и за автобус: Ѓорѓиевски најави нов систем за јавниот превоз во Скопје

Град Скопје и Министерството за транспорт планираат воведување интегриран билет со кој граѓаните ќе можат да користат различни видови јавен превоз без да плаќаат посебен билет при секое преседнување.

Ова во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ го најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој очекува системот да биде подготвен до средината на следната година.

Идејата е со еден билет патниците да можат да го комбинираат железничкиот и автобускиот превоз, со што треба да се поедностави движењето низ Скопје и околните населени места.

Да не се симнувате од воз, а сте платиле 40 денари, па се качите во автобус да платите уште 35 денари. Со еден билет да можеш да се качиш од Зелениково, да отидеш до Ѓорче Петров, да стигнеш до трета позиција“, објасни Ѓорѓиевски.

Според најавата, интегрираниот билет треба да биде дел од поширокиот концепт за поврзување на градскиот железнички превоз со автобусите на ЈСП и останатите форми на јавен превоз.

На тој начин, граѓаните би можеле да започнат патување со воз, а потоа да продолжат со автобус до својата крајна дестинација без купување нов билет.

Ѓорѓиевски смета дека ваквиот систем ќе значи поедноставно патување, помалку изгубено време при преседнување и пониски трошоци за граѓаните.

Треба како систем да го изработиме во наредниот период и верувам дека некаде до средината на наредната година би имале резултат“, рече Ѓорѓиевски во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Поврзани вести

giyim