Skip to main content

Изложбата „Линија, форма и простор“ на Филип Перески во ликовната галерија на ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп

“ЛИНИЈА, ФОРМА И ПРОСТОР” е изложбата од  уметникот Филип Перески , отворена во Ликовната галерија од ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп.

Поставката содржи  слики и скулптури преку кои, како што вели м-р Викторија Димеска, уметникот  ликовно ги истражува бескрајните можности и начини со коишто инвентивно ги реконтекстуализира – линијата врз дводимензионалната површина на сликарското платно и формата во тродимензионалниот простор.

 -Неговото сликарство се одликува со спонтани искривени линии коишто асоцираат на органски и динамични облици. Во апстрактно-асоцијативните композиции доминира активниот однос и слободната креативна игра меѓу ликовните елементи во просторот: контраст и градација на линијата и бојата….Во скулптурата, Перески ја искривува и раскршува линијата создавајќи минималистички геометриски форми со „полна“ маса и мрежно испреплетени „празни“ колоритни интервенции-посочува Димеска, историчар на уметност.

Филип Перески е академски уметник,  работи како наставник по ликовно образование во Прилеп и има реализирано повеќе самостојни и групни изложби и учествувано на колонии.

Поврзани вести