Skip to main content

Саем на книга во Охрид од 12 до 15 март

Минатата 2025 беше плодна за НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, беше речено на денешната прес конференција.

Реалзирани беа над 30 проекти како дел од Годишната програма за работа финансирана од страна на Министерството за култура и туризам .

Главен настан беше враќањето на Пчињското евангелие кое датира од крајот на 16 век во Библиотеката. Тоа до октомври 2025 беше на реставрација во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и близу десет години се чуваше во нивниот трезор. Евангелието сега е во нашиот трезор а веќе е готова и репликата – копијата која наскоро на соодветен начин ќе биде како поставка достапна за јавноста.

По втор пат лани станавме добитници на наградата „Јаков од Камена Река“ за најиздавачи на ниво на Македонија .

Библиотеката за оваа 2026 година во Министерството за култура и туризам конкурираше  со рекордни 45 нови проекти во библиотечната, издавачката и меѓународната дејност,фестивалите, секторот за инвестиции и за првпат во секторот за евроинтеграции.

За првпат годинава влегуваме во редот на институциите од културата кои имаат делигиран буџет. Сами ќе треба домаќински да ги распределиме средствата за проектите кои ќе сметаме дека ни се приоритет за реазлиција и ќе донесат ново културно и книжевно раздвижување кај нас. Тоа веќе го сторивме и Управниот одбор во содејство со мене како директор по претходна анализа одобри 28 проекти од кои дури 25 се од основната библиотечна дејност и по еден во областа на меѓународната соработка, издавачката дејност и инвестии. Одобрените Проекти ќе се финансираат со  над 1 милион и 800 илјади денари од буџетот на ресорното министерство за култура и туризам.

Покрај манифестацијата Прличеви беседи која успешно ја реализиравме ќе напоменам уште неколку проекти кои годинава ќе бидат белег на нашето работење. Приоритет ќе има збогатувањето на книжниот фонд со нова литература за возрасни и деца, како и стручна литература. Ќе продолжиме со заштитата на движното културно наследство и обуките на вработените. Ќе ја организираме Четвртата  Годишна средба на роднокрајните автори со издавање на традиционалниот алманах, а ќе го организираме и регионалниот натпревар Млади библиотекари. И оваа 2026 ќе ги реализираме проектите: Читаме гласно и раскажуваме, Книгата најдобар другар на децата, Книгата поблиску до старите лица, трибините за „Поубав свет“, „Калдрмата шепоти за Прличев“, „Азбуката не повикува“ „Библиотека футура“, поетскиот фестивал „Слушни го езерото“ и уште неколку други.

Во јуни ќе одиме во посета на Библиотеката во Котор со кои заеднички не врзува УНЕСКО а ќе пристапиме и кон изградба на современа пристапна рампа до просторот во кој е сместен пултот за зајмување книги.

Наскоро ќе биде готова и реновираната Прличева одаја со нов лик и содржини, подготвена да ги прими пред се’ роднокрајните писатели но и нивните македонски колеги и соработници од регионот. Овој проект делумно е поддржан од Општина Охрид преку Јавниот повик за проекти од областа на културата а со општинска помош ќе се реалзираат и проектите „Библиотечен калеидоскоп“ и „Слушни го Езерото“ кој е дел од одбележувањето на 21 јуни Денот на Охридското Езеро.  

И тоа не е се’ нашата Библиотека има и ред други настани кои ги одржуваме со сопствени средства, тука пред се’ мислам на курсевите за англиски јазик за деца и возрасни, промоциите на книги од наши роднокрајни автори и авотир од земјава и странство.

На почетокот да ја изразам благодарноста до менаџерскиот тим на ОХРИД МОЛ и посебно до почитуваната Маријана Булеска кои ја препознаа нашата агилност и посветенсот за популаризација на книгата и што еве заеднички го организираме Саемот на книгата во новиот ОХРИД МОЛ. Со верба дека тој ќе се случува почесто и со други издавачи и ќе стане традиционален, беше истакнато во врска со претстојниот Саем на книга.

Како и останатите издавачи, така и ние  на сопствениот штанд ќе понудиме на продажба книги од нашата издавачка продукција но и книги кои се за продажба а ги имаме добиено од Министерството за култура.

Се работи за дела од капиталните едиции: 130 тома македонска книжевност ( на македонски и англиски јазик) , Ѕвездите на светската книжевност,  Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа и други. 

Ние како установа од четврток до сабота во Охрид Мол ќе органзираме и три промоции на најнови дела од нашите роднокрајни автори: Мирко Томовски, Емилија Карафилоска и Марина Шикова – Димовска.

Авторите во молот ќе имаат и дружба со читателите и ќе ги потпишуваат купените книги.  Промотор ќе биде колегата Милчо Јованоски. ,

Ми претставува особено задоволство што Охрид Мол е дел од организацијата на Саемот на книга, кој ќе се одржи од 12 до 15 март во просториите на Охрид Мол, рече денеска Маријана Булеска.

На саемот ќе учествуваат повеќе издавачки куќи: ТРИ, Божилак, Мартина Комерц, Полица, Бата Прес, Матица, како и НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Во текот на саемот посетителите ќе имаат можност да најдат голем избор на книги, по саемски намалени цени, но и да присуствуваат на средби и промоции со локални автори, што дополнително ќе ја збогати културната програма.

Саемот ќе биде отворен во терминот од 10 до 21 часот, секој ден.

Како Охрид Мол, секогаш се трудиме да организираме настани кои носат култура, едукација и квалитетна содржина за граѓаните, и веруваме дека овој саем ќе биде убав повод љубителите на книгата да се соберат на едно место.“

И ние посебно се радуваме на воспоставената соработка со охридската Библиотека. Веќе договоривме и друг заеднички настан во една од кафетериите на Охрид мол. Во пресрет на 21 март Светскиот ден на поезијата на 19 март од 10 до 13 часот че ја организираме традиционалната манифестација. НАПИШИ СТИХ – КУПИ КАФЕ. Библиотеката авторите трите најдобри стихови ќе ги награди со книги.

Поврзани вести