Skip to main content

Решат Амети слави 35 години творештво со изложба во МКЦ

„Мојот пат во уметноста“ е насловот на изложбата на уметникот Решат Амети, што ќе се отвори на вечерва, на 11 март во 20 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Професорот Амети во текот на изложбата ќе одржи свое предавање со кое како педагог на гостите ќе им ја продлабочи љубовта кон уметноста. МКЦ од секогаш бил расадник на млади таленти и изложбата е во рамките на оваа програмска определба.

Амети годинава слави 35 години творештво, а одбележувањето почна во декември со изложба во Берлин.

Изложбата ќе трае до 22. март годинава.

Патувањето по патиштата на уметноста е авантура и страст на кој уметникот целосно се предава, на овој пат има и станици на кои треба да се застане, да се сврти назад кон изминатиот пат, но и да се усмери погледот и кон иднината за да може да се одреди по кој пат тргне. Токму оваа године движејќи се по патот уметникот Решат Амети се најде пред прагот на еден значаен јубилеј 35 години творештво. Обележувањето на јубилејот Тој го започна на 30 декември 2025 година со репрезативна изложба во Дипломатскиот клуб на Министерството за надворешни работи на СР Германија во Берлин. По воведниот збор на директорката на клубот г-ѓа Сибил фон Арнам, пред присутните гости и дипломати се обрати и директорот на Одделот за Западен Балкан г-дин Нилс фон Редикер, а изложбата ја отвори нашиот Амбасадор во Берлин г-динот Илбир Села. На 27 фебруари Решат Амети ја отвори својата втора изложба во рамките на овој јубилеј во галеријата Урсулаштрос во Грац, Австрија.

Изложбата во МКЦ е трета по ред во рамките на јубилејот, но никако не смее да сфати како помалку важна, таа има за цел да ги потикне младите да истражуваат и да го најдат својот индивидуален стил во уметноста.

Решат Амети е редовен професор на Државниот факултет во Тетово,тој е уметник со меѓународно реноме, а за својата педагошка работа, за преставувањето на нашата уметност во странство и за своето сликарство е добитник на највусоката државна награда „ 11 Октомври“.

Поврзани вести