Skip to main content

Промоција на поетската збирка „Осуден во отсуство“ на Сашо Гигов Гиш

Фејсбук профил на „Спона“

Во Младинскиот Културен Центар во Скопје, денес, со почеток во 20:30 часот, пред скопската публика ќе биде претставена стихозбирката на Сашо Гигов-Гиш – „Indicta Causa / Осуден во Отсуство“ во издание на Сцеро Принт од Ниш.

Сцеро Принт од Ниш досега ги има објавено збирката „Септемвриска зора“ на Милутин Станчиќ во рамки на едицијата „Вардарски цветови“ како и книгата на Теодора Цветковиќ „(О)сећања“.

Покрај авторот за книгата ќе зборуваат професорот Горан Максимовиќ и лекторот Ѓоко Здравески.

Во музичкиот дел, свој настап ќе има Драган Стојковски на тамбура.

Поврзани вести