Skip to main content

Промоција на новата есеистичка книга „Дом во тишина“ на Никола Маџиров

Серијалот книжевни промоции продолжува в четврток (20 февруари) во 19 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со промоција на новата есеистичка книга „Дом во тишина“ на Никола Маџиров.

Промотори на книгата ќе бидат Оливера Ќорвезироска и Владимир Јанковски. Првата есеистичка книга на еден од најпознатите и најпреведувани македонски писатели во светот, на едно место ги собира сите есеи објавувани најчесто во превод, на други јазици, но не и на оригиналниот, на јазикот на којшто се напишани. „Дом во тишина“ е своевидно враќање дома на Никола Маџиров, во својот јазик. Изданието содржи триесетина есе

и распоредени во три тематизирани циклуси именувани само со супстантивизирани придавки: Бездомни, Современи и Епистоларни. „Дом во тишина“ е многу значајна книга за современата македонска книжевност. Во „Дом во тишина“ се најдоа сите есеи на Маџиров претходно публикувани во светот, на други јазици, но и сосем нови. 

Поврзани вести