Skip to main content

Промоција на дебитантската поетска збирка на Филипа Сара Попова – „Скршен терариум“

 Литературно-издавачката дејност при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ја продолжува својата серија литературни промотивни настани, овој пат во летен амбиент.
„Поетскиот терариум“ замислен како настан со поетско-дебатен дискурс чиј примарен фокус ќе биде промоција на дебитантската поетска збирка на Филипа Сара Попова (1998) – „Скршен терариум“ ќе се одржи вечерва од 20.00 часот.
За оваа збирка Попова ја доби поетската награда „Млада Струга“ 2024 за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант доделена од НУМ „Струшки вечери на поезијата“.
Преку луциден, бескомпромисен автореференцијален преиспитувачки стихопис, Попова со својот израз исполнет со отсечни поетски слики, предизвукува на отворен дијалог за актуелниот статус, состојба и релевантност на поезијата во современ контекст, но и на потребата од превреднување на самата реалност преку поезијата.
Разговорот ќе го води Кирил Бисероски.
Модератор: Александар Еленин

Поврзани вести