Skip to main content

Продажба на уметнички дела за солидарност и поддршка на Кочани во „Буква“

„Буква“, фејсбук плакат

Во „Буква“ денеска и утре со тивка почит и солидарност кон трагедијата што ја потресе цела Македонија, Колективот Кула организира хуманитарна продажна изложба со дела донирани од повеќе од 30 локални уметници. Овој гест на заедништво е наш обид да бидеме со сите погодени од несреќата во овие тешки мигови преку чин на уметничка грижа и поддршка.

Изложбата ќе се одржи во кафе-книжарница Буква, каде што ќе можете да купите уметнички дела со различни стилови, изрази и медиуми. Сите собрани средства ќе бидат донирани во Црвениот крст за помош на погодените семејства.

Повикуваме и понатаму други уметници кои сакаат да се приклучат кон оваа иницијатива.

Нека уметноста биде простор на грижа, сеќавање и солидарност, соопштија организаторите.

Поврзани вести