
Премиерот Христијан Мицкоски објави видео со дел од средбите реализирани за време на неговата посета на Соединетите Американски Држави.
Мицкоски информира дека за време на посетата биле реализирани низа средби со претставници на американската администрација и бизнис-заедницата.
„Продолжуваме со посветена работа за создавање нови можности, привлекување инвестиции и градење на стратешки партнерства кои носат развој и напредок за нашата држава“, објави Мицкоски.
За време на посетата на САД, Мицкоски и владината делегација остварија средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор. Во фокусот беа стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и можностите за економска и инвестициска соработка.
Меѓу средбите беше и онаа со претставници на Американската корпорација за меѓународно финансиско развивање – DFC, на која се разговарало за потенцијални инвестиции во Македонија во повеќе стратешки сектори.
Погледнете го видеото што го објави премиерот Мицкоски:

Македонски


