Skip to main content

Претставници од Управата за заштита на културното наследство на Првиот Форум за цивилно воената алијанса за заштита на културните добра на УНЕСКО

На покана на УНЕСКО – Париз , претставници од Управата за заштита на културното наследство предводена од директорката Весела Честоева учествувавме на Првиот Форум за цивилно воената алијанса за заштита на културните добра.

Добрите практики на соработка на национално и меѓународно ниво, подготвување на културното наследство за иднината со употреба на напредни технологии и вештачка интелегенција за заштита на културните добра , национални приоритетни листи, посебна и засилена заштита и дигитално мапирање и создавање на специјализирани единици за заштита на културните добра во рамки на вооружените сили беа во фокусот на денешниот форум. На форумот исто така е претставен Акциски План за цивилно воена алианса за заштита на култрните добра на УНЕСКО, информираше Честоева.

Поврзани вести