Skip to main content

Претставата „Слепци“ премиерно во Турски театар

НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата „ СЛЕПЦИ“ според ,,Слепци” од Морис Метерлинг и  книгата ,,Погубни идентитети” од Амин Малуф на 13.12.2024 г. во 20.00 часот.

Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија.

Претставата се изведува со титл на македонски јазик

Режија: Ќендрим Ријани

Музика: Емрах Џемаили

Костими: Медина Хоџа и Маја Ѓуреска

Играат:

Џенап Самет

Хакан Даци

Јеткин Сезаир

Сузан Акбелге

Фунда Ибрахим

Несрин Таир

Слаѓана Вујошевиќ

Емине Халил

Зубејде Али

Инес Радинчиќ

Един Јакуповиќ

Директор: Осман Али

Ова е спој на две литературни идеи, како што се делата Слепци од М. Метерлинк и Погубни идентитети од А. Малуф. Единаесет слепи ликови, фрлени во просторот, се трудат да го најдат патот, да се вратат назад. Но, одвреме-навреме тие се оттргнуваат од физичката слепост и влегуваат во лавиринтите на потрагата по самите себеси. Притоа, одново доживуваат моменти од нивниот живот. Овие ликови ќе ве натераат да живеете заедно со нив, да си поставите прашања, но и да најдете одговори за убавината на физичките и идентитетските различности на сите живи суштества кои живеат во овој заеднички свет. Свет, каде различноста е токму најубавата страна на привремениот живот што го живее и секој човек, вели Kендрим Ријани.

Поврзани вести