Skip to main content

Правописот доставен и до ЈУ Детски Дом „11 Октомври“- Скопје

НУБ Св. Климент Охридски

Денес Правописот го доставивме и до една од нашите најдраги установи соработнички ЈУ Детски Дом „11 Октомври“- Скопје

Благодарност до директорката Rozy Vlahovik за гостопримливоста и покажаниот огромен интерес за оваа публикација која што е неминовна алатка во грижата и образованието на децата.

Овој Детски Дом е од исклучително значење за целото општество и за иднината на една држава, бидејќи е установа која врши сместување на деца без родители и родителска грижа, дава основна заштита, 24-часовна помош и поддршка од стручни лица, облека, храна и здравствена заштита.

Вработените, за кои нивните дечиња штитеници се светост и приоритет со нетрпение чекаа да земат примерок од Правописот и да го споделат во своите групи, видно искажувајќи ја потребата од оваа публикација и задоволството што конечно ја добиваат на располагање.

Овој Детски Дом секогаш ќе има верен партнер и поддршка од Националната и универзитетска библиотека во остварувањето на својата благородна мисија.

Поврзани вести