
Македонскиот КИЦ во Белград викендов беше домаќин на едно интересно ликовно дружење со три современи македонски ликовни уметници, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска, на една синергија помеѓу нивните различни уметничи изрази и белградската публика која покажа исклучителен интерес за нивната заедничка ликовна концепција „Регенерација“.

Изложбата поддржана од македонското Министерство за култура и туризам ја отвори директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров, кој истакна дека трите македонски ликовни уметници, веќе и меѓународно афирмирани, со изложбата во која се одразени нивните рефлексии од пандемијата со коронавирусот, испраќаат и порака дека културата и уметноста се незаменливо упориште и секогаш сигурно засолниште во години на загрозување како на животните, така и на уметничките слободи и права, а дека токму културата и уметноста претставуваат сигурен и моќен начин за регенерација и ревитализација на животите и сите животно загрозени човекови права и слободи.

Изложбата во КИЦ Белград ќе биде поставена до 9 јули, а сите заинтересирани љубители на ликовната уметност ќе можат да ја погледаат во присуство на авторките на истата.