Skip to main content

Отворен е повикот за учество на годишната изложба „Професори и студенти“

На 17 јуни во галериите на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде отворена третата годишна изложба на професори и студенти.

Сите заинтерересирани професори и студенти можат да аплицираат најдоцна до 15 мај на gorjan@mkc.mk и info@mkc.mk. Потребен е краток опис на настапот со соодветни фотографии од делалата. Професори со најмногу два нивни студенти и опис на заедничкиот настап, соопштија од МКЦ.

На изложбата досега учествуваа Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, Ликовната академија при УГД во Штип, Факултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово, приватната школа за уметност „Скала“, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН и Меѓународниот балкански универзитет.

Изложбата ќе трае до 30 јуни.


Поврзани вести