Skip to main content

Објавена програмата на 37. Поетска ноќ во Велествово

Шеснаесет поети, музичари и уметници од Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија ќе настапат на 37. Поетска ноќ во Велестово. 

Програмата ќе почне на 15 август во 21 часот во Велестово со поетски портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува интернационаланото поетско читање „Имаго“. Ќе биде отворена и изложба на академскиот сликар Стефан Младеновски. Следните два дена ќе се одржат повеќе интернационални поетски читања на локации во Велестово и во Охрид.

Програма:

Петок, 15.8.2025 г.

Локација: с. Велестово, на сретсело.

21:00 ч.: Кус музички концерт на Игор Климовски (соло хармоника)

21:20 ч.: „Поетски портрет на Андреј Ал-Асади“ ‒ поетско читање и разговор воден од Јулијана Величковска.

22:10 ч.: „Имаго“ – поетско читање на гостите од странство: Рошин Кели (Ирска), Фарид Хусеин (Азербејџан), Рената Јамбрешиќ Кирин (Хрватска), Мирослав Кирин (Хрватска), Поли Муканова (Бугарија) и Анисија Ангел (Романија).

22:30 ч.: „Непредвидливи соочувања“ ‒ изложба на слики на Стефан Младеновски во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.

Сабота, 16.8.2025 г.

Локација: тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.

19:00 ч. Промоција на стихозбирка од Мирослав Кирин (Хрватска)

20:00 ч. „Мозаик“ ‒ интернационално поетско читање

Учесници: Поли Муканова (Бугарија), Рошин Кели (Ирска), Фарид Хусеин (Азербејџан), Анисија Ангел (Романија), Павлина Атанасова, Марија Ангеловска и Стефан Костоски (Македонија). 

Поврзани вести