
Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер во 18.30 часот ќе биде промовирана книгата „Зборовезница на едно новинарско перо“ на авторката Милева Лазова.
Промотори на книгата на Лазова, новинарка во „Македонско сонце“, се Валентина Георгиевска Парго и Лилјана Стоилковска, а модератор е Оливера Јовановски.
Настанот ќе биде збогатен со музички гости, Васил Атанасов на обоа, Влатко Митев на тапан, Сашко Митев, инструменталист и пејач, како и Едукативно здружение „Седум осмини“.