Skip to main content

Ни следи прилично напорна агенда во 2027 и во 2028 година, вели новиот директор на МКЦ Димче Арсовски

Да го вратиме Младинскиот културен центар (МКЦ) онаму каде што му е местото, да и дадеме повеќе простор на културата во градот. Ни следи прилично напорна агенда во 2027 и во 2028 година, изјави Димче Арсовски, новоименуваниот директор на МКЦ на денешната прес-конференција на која беше најавена програмата за претстојното издание на Млад отворен театар (МОТ) кој годинава ќе се одржи од 18 до 24 ноември.

МОТ е многу важен фестивал за МКЦ. Фестивалот се подготвуваше изминатата година. Разговарав со мојот добар пријател Русе Арсов, кој беше селектор на програмата и да речеме неофицијален директор на МОТ. Би сакал да му изразам благодарност за денешниот МОТ, кој оваа година е посветен на жените. Оваа година има само претстави кои ги режирале режисерки, што особено ми е драго и се поклопува со целокупната јавна ситуација каде што треба малку повеќе се заинтересира јавноста во однос на она што се случува во на жените. Накратко само да напоменам дел по дел почнавме да враќаме од она кое што треба да биде МКЦ. Веќе е отворен сајтот билети.мкц.мк каде што ќе можат сите заинтересирани за фестивалот да ги купуваат своите билети, сите посетители кои што очекувам и верувам дека ќе бидат во сериозна бројка и ќе дадат поддршка на еден начин сите заедно да го вратиме МКЦ на а старите старите патеки. Би се заблагодарил на тимот на МКЦ кој што претходно ги има поставено сите работи на здрави нозе за организирање на овој Фестивал. Можам само да кажам дека МОТ ќе биде организиран беспрекорно и онака како што личи и како што му доликува, изјави Арсовски.

Арсовски дојде на местото на Арбен Шаќири кој како што објави на Фејсбук поднел оставка од лични причини. Шаќири сега е дел од кабинетиот на скопскиот градоначчалник Орце Ѓорѓиевски, на позицијата советник за култура.

Поврзани вести