Skip to main content

Јовановски: Најмногу од сè ми се гадат родители кои знаат какви чудовишта одгледуваат, а ги кријат, оправдуваат и штитат!

Фејсбук профил Rolla Do Bolla

Да не постои некоја вибер група, некое здружение на „мали ку**ња“, во кое секојдневно се договараат кој денес ќе си ја тепа девојката, жената или партнерката?!, бесно реагира водителот и уредник од Сител Телевизија, Спасе Јовановски, познат како Рола до Бола. Коментирајќи ги последните вести за претепаната девојка од Охрид, тој потенцира дека „ова лудило одамна ги помина сите граници!“.

Човек веќе не знае дали да се згрозува, да се лути или да се плаши.

Насилството врз жените стана толку застрашувачка појава што почнуваш да се прашуваш во какво општество живееме и какви луѓе растат околу нас.

Најлесно е да удриш жена!

Да те ставам во кафез со лав, па да видиме кој кого ќе изеде?!

Мислев дека ова тло раѓа јунаци, вистински мажи, луѓе со карактер и достоинство.

А не ПИ*КИ кои својата немоќ ја докажуваат врз телото на една жена!

И да… како од „срце“, „душо“, „љубов моја“, „не можам без тебе“, стигсенуваме до моментот кога некој прашува:

**„КАЈ ДА ГО ФРЛАМ ТЕЛОВО?“**

Ова не е љубов.

Ова е монструозност!

И најмногу од сè ми се гадат и оние родители кои знаат какви чудовишта одгледуваат, но наместо да се соочат со вистината, ги кријат, оправдуваат и штитат!

ЌЕРКИТЕ НЕ ГИ ВОСПИТУВАМЕ САМО ДА СЕ ЧУВААТ ОД ТАКВИ МАЖИ.

ГИ ВОСПИТУВАМЕ И СИНОВИТЕ ДА НЕ СТАНАТ ТАКВИ!

Доста е со молчење!

Доста е со оправдувања!

Доста е со убиени жени и солзи по погребите!

МИ СЕ ГАДИТЕ!

Поврзани вести