
Претепана до бессознание и исфрлена од автомобилот била девојка од Охрид во нов случај на насилство кој ја разбранува јавноста. На социјалните мрежи охриѓани во неверување споделуваат детали за нападнатата Сара и 31-годишникот што ја претепал.
Според тренерот и бодибилдер Бобан Наумоски, и двајцата биле членови на неговата теретана во Охрид.
Лично ги познавам двајцата како наши членови во теретана. По 100-тина повици во текот на денешниот ден од секој некој кој е во неверување, исто како што сум и јас сè уште, полека ми спласнува информацијата дека ова се вистина луѓето кои ги познавам и дека настанот е навистина случен, дека не е само лош сон…
За девојката има една поговорка со која може комплетно да се опише – на мравка не гази. Прибрана, културна, работлива и лепотица која се надевам ќе собере сила да остане иста после овој претрпен кошмар.
Скриениот психопат кој навидум делуваше како мирен, повлечен и културен дечко кој цел живот спортува, а последната година работеше и како персонален тренер низ Охрид покажа лице кое сите кои го познаваа ги остави во шок и неверување. Ни на крај памет не би го ставил во групата на потенцијални насилници врз понежната половина…. сè до денес. Се запрашувам со кој сè jac секојдневно се поздравувам, комуницирам и делам исти воздух!?
Како татко на две девојчиња, особено ме вознемирува најновата информација дека наводно се товари само за телесна повреда, а не за обид за убиство. Доколку оваа информација е точна, сметам дека станува збор за исклучително сериозен проблем.
Не смееме да дозволиме општеството да дојде до точка во која татковците и браќата ќе помислуваат дека единствениот начин да ги заштитат своите ќерки и сестри е да ја земат правдата во свои раце.
Тоа би било уште еден пораз на институциите и на сите нас“.


Македонски



