Skip to main content

Муамеди до ОЈО: Свесни ли сте дека стимулирате убиства наместо да превенирате?

Pxabay

Правникот и активист Умејр Муамеди реагира што Обивинителството му изрече мерки за претпазливост, а не притвор на 31-годишниот охриѓанец кој до бессознание ја претепа неговата партнерка, по што ја исфрли од возилото.

Мерка на претпазливост против насилникот од Охрид при што истиот е пуштен дома….
Како е можно обвинителството да не побара ефективен притвор не ми е јасно, или сега пак чекате да излезе па да ја убије како што беше убиена Билјана бидејки и против нејзиниот дечко не било побарано притвор кога ја тепал па се чекаше да ја убије.
Свесни ли сте дека стимулирате убиства наместо да превенирате??, реагира тој.

Поврзани вести