
Деветнаесетгодишно момче починало од сериозни повреди откако било нападнато од тигар на приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахоре. Полицијата уапсила три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и Ноуман Хасан, познат ТикТокер на социјалните мрежи.
Според полициското соопштение, нападот се случил на фармата кога корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот.
За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој се здобил со животозагрозувачки повреди. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал.
Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните мрежи. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир.

Македонски



