Skip to main content

На сцената на Драмски вечерва гостува Delirium tremens во режија на Игор Трпчески

Вечерва, на 15 јануари, во 20 часот, на сцената на Драмски театар Скопје во рамки на Деновите на независна сцена ќе биде изведена претставата „Delirium tremens“ во продукција на „Театарска работилница“ од Прилеп. Режисер на претставата е Игор Трпчески, а автор е Благоја Ристески-Платнар.

Сцената и костимите се изработени од Бојана Артиновска. Улогите ги играат: Игор Трпчески, Димитар Ѓеорѓиевски, Методија Костоски, Филип Јездиќ, Борис Миленкоски. Тон и светло: Томе Темелкоски.

Претстава е наменета за сите генерации и во голема мера ги дефинира односите помеѓу уметниците и работниците, нивните влијанија, соработки и антагонизам кој се развива од неразбирање на проблемите на другите и секако за љубовта и морално-етичките дилеми, кои кај секој од нас се појавуваат во состојба љубов, страст и страв.

Поврзани вести