Skip to main content

На писателката Калина Малеска вечерва ќе и биде врачена наградата „Роман на годината“

Во бифето на Драмскиот театар во Скопје вечерва ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“.

Годинашен лауреат е романот „Светот што го избрав“ („Или-или“) од Калина Малеска, а оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева.

На свеченоста ќе настапи и џез бендот на Гоце Стевковски.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ во вредност од 150.000 денари.

Годинава наградата „Роман на годината“ се доделува 26-ти пат. Минатогодишен лауреат беше романот „Единствен матичен број“ („Три“) на Лидија Димковска.

Поврзани вести