Skip to main content

Мултимедијална средба со Владимир Мартиновски денеска во ЕУ хаус -Битола

Француското конзуларно претставништво и француската алијанса во соработка со ЕУ хаус организираат мултимедијална средба со Владимир Мартиновски во Битола.

Средбата со нашиот реномиран поет, есеист, прозаист, книжевен преведувач, врвен познавач на француската книжевност, професор и актуелен декан на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј “-Скопје ќе се одржи на:

Дата и време: 30.05.2025 година (петок) во 12:00ч.

Место: Europe House Bitola (Офицерски дом)

Ве покануваме да бидете дел од едно инспиративно патување низ француската книжевност, француската поезија, музика, уметност, велат организаторите.

Поврзани вести