Skip to main content

Мултимедијален културен настан го спои поетското творештво на Маријана Котевска Георгиева со гитарската уметност на Тони Китановски во Пекинг

Во Амбасадата на Република Македонија во Пекинг се одржа мултимедијален културен настан што го спои поетското творештво на Маријана Котевска Георгиева со гитарската уметност на реномираниот музичар Тони Китановски.

Новата поетска збирка поезија на Маријна Котевска Георгиевс која ќе биде објавена во издание на „Арс Либрис публикации“, го носи насловот „Сè се случува кога не се случува ништо“.

Поезијата се читаше на македонски, кинески и англиски јазик, бидејќи збирката, покрај македонското, ќе има и свое кинеско и англиско издание. објави Скопје1.мк

Поврзани вести