Skip to main content

Младите уметници го освојуваат јавниот простор: Започна европскиот проект PATS

Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) започнува со цел да создаде нови можности за млади уметници да ја изразат својата креативност и да пренесат силни еколошки и општествени пораки преку уметнички перформанси во јавни простори. Проектот, финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската Унија, ќе овозможи младите да ја користат уметноста како алатка за активизам, граѓанско учество и подигнување на свеста за клучни општествени предизвици.

Со разни образовни активности, меѓународни обуки и јавни уметнички перформанси, проектот PATS ќе ги оспособи младите уметници и младинските работници да го применуваат уметничкиот активизам во локалните заедници, придонесувајќи кон позитивни општествени промени.

Проектот предвидува онлајн образовна платформа, специјализирана обука за уметнички перформанси, активизам, вмрежување и меѓународна размена на знаења и искуства, како и 25 јавни улични перформанси во пет европски земји. Перформансите ќе имаат цел да поттикнат заедничка дискусија, инволвирање на граѓаните, зголемување на видливоста на еколошките и социјалните прашања и да ја покажат улогата на уметноста во општествената трансформација.

Проектот PATS се осврнува на важни предизвици со кои се соочуваат младите денес – ограничени платформи за креативно изразување, висока невработеност, ниска културна вклученост и недоволно граѓанско учество.

Проектот се спроведува од Еко Логик како партнер од Македонија, заедно со организациите uniT GmbH од Австрија (координатор), Udruzenje Gradjana BUM од Србија, Amarelarte – Associação Cultural e Recreativa од Португалија и The Hive P.C. од Грција.

Со комбинирање на уметност и активизам, проектот PATS има за цел да изгради нова генерација млади уметници кои преку креативност и јавен настап ќе го поттикнат општеството кон поодржлива, инклузивна и свесна иднина.