Skip to main content

Министерот Љутков во работна посета на Демир Хисар

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе оствари работна посета на Општина Демир Хисар.

Посетата министерот Љутков ја почнува со средба со градоначалникот Никола Најдовски, по што двајцата ќе направат обиколка на институциите од областа на културата во оваа општина.

Како што соопшти Министерството за култура и туризам, Љутков и Најдовски ќе ги посетат Меморијалната соба на Петре М. Андреевски во село Слоештица, Слепченскиот манастир и библиотеката АЛ-БИ во село Бабино.

Поврзани вести