
Со задоволство споделувам дека денес имав чест заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, да го означиме стартот на проектот за реконструкција на Домот на културата “11 Октомври” во Ченто, објави министерот Љутков.
После повеќе децении, се вложуваат средства во овој културен центар каде ќе се одржуваат голем број на настани и активности.
Проект: Реконструкција на Дом на културата “11 Октомври”
Вредност на проект: 84.240.000 денари
Рок на реализација: 18 месеци
Површина на објектот: 1000 метри квадратни
Објектот ќе има три нивоа, со различни простории согласно потребите за функционирање.
Ова е важен чекор за подобрување на културната инфраструктура и за создавање на нови можности за нашата заедница. Владата, во соработка со Министерството за култура и туризам, продолжува да инвестира во културата и уметноста, како врвен приоритет. Заедно работиме за подобро утре!