Важно е со титулата Европска престолнина на културата за 2028 година да се врати сјајот и идентитетот на Скопје. Веќе стигнуваат интересни иницијативи во однос на програмите, иако загубивме година дена без помош од градот Скопје, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Тој на денешниот брифинг со новинарите посочи дека е во комуникација со сите амбасадори и ја бара поддршката од Европските комисии.
-Се обидувам колку е можно да одржиме некоја нормална комуникација со градот да ја задржиме таа титула. Се појавуваат некакви иницијативи и стравови дека можеме да ја загубиме титулата, тоа би било погубно, бидејќи никогаш не се случило во историјата на Европа да се одземе оваа титула од одреден град, рече Љутков.
Тој додаде дека е важно со титулата Европска престолнина да се врати сјајот и идентитетот на Скопје.
Најави дека ќе има многу програми, многу културни политики, туристички политики, а како што посочи, веќе стигнуваат многу интересни иницијативи во однос на програмите.