
Љутков се осврна и на работата на стратегијата за поефикасна промоција на Македонија како туристичка дестинација.
Лани фокусот беше ставен на градењето нови партнерства, поддршката на локалните иницијативи и на развојот на одржлив туризам – туризам што ги почитува природата, културното наследство и локалните заедници. Нашата цел е Македонија да не биде само место што се посетува туку и дестинација што остава впечаток и се памети – додаде Љутков, кој најави дека следната година, покрај град на култура (во 2025 тоа е Гевгелија), во следната година ќе се избира и град на туризмот.

Македонски






