Skip to main content

Љутков: Книгите „Приказни за Зоки Поки“, „Сказна за детето Вилен“ и „Белото циганче“ не се само зборови на хартија, туку мостови кои им овозможуваат на децата да се поврзат со светот околу нив

Денес беше посебен ден, исполнет со емоции и инспирација. Во Градската библиотека„Браќа Миладиновци“- Скопје присуствував на промоцијата на книгите на Брајово писмо, посветена на нашите мали херои – децата.
Се чувствував гордо што бев дел од овој настан, кој не само што ја одбележува 200-годишнината од Брајовото писмо, туку и ја потврдува нашата одговорност кон инклузијата и образованието на децата со оштетен вид.
Секое прочитано слово, претставува чекор кон светот на знаењето и можностите. Книгите „Приказни за Зоки Поки“, „Сказна за детето Вилен“ и „Белото циганче“ не се само зборови на хартија, туку мостови кои им овозможуваат на децата да се поврзат со светот околу нив.
Чест ми е што можам да видам како се создаваат нови можности за нашите идни генерации. Книгите и знаењето треба да бидат достапни за сите, без разлика на предизвиците.
Нека овој настан биде потсетник за сите нас дека со малку љубов и посветеност можеме да направиме големи промени.

Поврзани вести