Skip to main content

Љутков: Голем успех за македонската култура! Се радуваме на идните можности за промоција на нашето национално богатство

Со гордост објавуваме дека нашата традиција на „Традиционална изработка и свирење на гајда“ е официјално впишана на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото! , напиша на својот фејсбук профил министерот за култура, Зоран Љутков.

На 19. сесија на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за нематеријално културно наследство во Асунсион, Парагвај, Македонија учествува со своја делегација, составена од Весела Честоева, директор на Управата за заштита на културното наследство и Ивона Опетческа Татарчевска, национален координатор за Конвенцијата 2003.
Ова е важен момент за македонската култура, бидејќи по 7 години, повторно сме дел од светската карта на нематеријално културно наследство! Со ова, вкупниот број на нашите впишани добра сега изнесува 6, од кои 2 се заеднички со Турција.
Се радуваме на идните можности за промоција на нашето национално богатство и заштита на нашата култура за идните генерации.

Поврзани вести