Во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва во 20 часот, Јована Јанкулоска ќе го одржи својот прв самостоен концерт „Désir d’amour“ (Љубовен копнеж).
Темата на концертот е љубов, а француската музика е мојата инспирација уште од детството. Со овој концерт заокружувам еден важен период од мојот музички развој и кариера, вели Јанкулоска.
Концертот ќе биде омаж на француската музика и ќе вклучи осум внимателно избрани композиции на француски јазик, кои ја обележаа десетгодишната музичка кариера на Јанкулоска. Тоа се „Voilà“ – победничка на италијанскиот онлајн натпревар Sopravista (2021), „Je t’aime encore“ – награда од Performer Cup Macedonia (2023), „Je suis malade“ – прво место на државниот натпревар по соло пеење организиран од ЗМП (2023), „Hymne à l’amour“ – добитничка на Thalia Award (2024), „Mon Amour“ – лауреат на престижните натпревари Thalia Award и Angel Voice (2024).
На концертот, Јована ќе биде придружувана со пијано од нејзината професорка Лиле Анастасова, а поддршката и менторството од професорката по соло пеење Гонца Богоромова Краповски.
Досега Јанкулоска има освоено повеќе од 30 награди на домашни и меѓународни натпревари и таа е еден од најголемите млади музички таленти во државава. Има настапувано на фестивали во Шпанија, Полска, Малта, Италија и многу други земји.
Билетите се бесплатни.