
Драмски театар Скопје во среда, на 24 декември во 12 часот организира комеморација во чест на починатиот актер Лазе Манасковски, соопштија од матичниот театар.
Од драмски уште информираат дека погребот на Манасковски е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од актерот од 11:30 до 12:30 часот во капелата на гробиштата.
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 во Скопје, а почина на 20 декември 2025 во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година, тој се вработил во Драмски театар Скопје каде бил професионално ангажиран сѐ до неговото пензионирање во 2022 година.
Покрај многубројните улоги на театарската сцена, Манасковски имаше плодна кариера и на филм и телевизија. Глумеше во филмовите „Големата вода“, „Сенки“, „Исцелител“, „Врба“, „Хомо“ и „Кајмак“, како и во ТВ-сериите „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Преспав“, „Фамилијата Марковски“, „Бистра вода“ и други.

Македонски






